МАГНЕЗИУМ 375 ДИРЕКТ ЦИТРАТ КЕСИЧКИ

Особини и намена: Магнезиум 375 ДИРЕКТ претставува диететски производ, додаток во исхрана кој содржи 375 mg магнезиум во една кесичка што одговара на препорачаната дневна доза. Магнезиум 375 ДИРЕКТ содржи магнезиум цитрат и магнезиум оксид. Магнезиум цитрат е од органско потекло, има добра биорасположливост и многу брзо се апсорбира. Благодарение на оваа комбинација магнезиумот од овој производ многу брзо се апсорбира во крвта и со тоа придонесува до брзо опуштање на мускулите и напнатоста.  Магнезиумот е многу важен минерал за човечкиот организам, неопходен за срцето, нервите и мускулите.  Се користи при физички активности, замор и исцрпеност, грчеви во мускулите, одржување на нормални коски и заби. Магнезиумот се препорачува во сите фази на животот (адолесценти, возрасни и постари лица), како и кај трудници и доилки за да се обезбеди доволна количина магнезиум на мајката и детето.

Состав: тримагнезиум-дицитрат-9-хидрат (200 mg магнезиум), магнезиум оксид (175 mg магнезиум), сорбитол, регулатор на киселост: (лимонска киселина), магнезиум стеарат, трикалциум фосфат, засладувачи (аспартам и ацесулфам).

Пакување: 20 кесички

Дозирање и начин на употреба: една кесичка се истура директно на јазикот еднаш дневно. Гранулатот од кесичката многу брзо се топи на јазикот, затоа не е потребно да се додава течност.

Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца.