АНГИПРО АКТИВ СПРЕЈ

Особини и намена:  Ангипро актив спрејот претставува делотворна комбинација од 6 активни состојки. Благодарение на својот состав Angipro active spray ефикасно помага во уништување на бактерии и други микроорганизми, превенција на појава на забен камен, кај поблаги воспаленија на усната шуплина, грлото и непцата, како и при настинки. Може да се користи и за освежување на устата, при непријатен здив како и за одржување на нормална состојба на слузницата на устата и грлото.

Состав: еден млаз спреј содржи цетилпиридин хлорид 0,3 mg, тинктурата од прополис 34,3 mg, тинктурата од жалфија 34,3 mg, тинктурата од тимјан 58,3 mg, тинктурата од нане 10,3 mg и ментол 1 mg.

Дозирање и начин на употреба: 4-5 пати на ден по едно впрскување подлабоко во усната шуплина или на воспалителното жариште. Производот не е наменет за лица кои се осетливи на било која состојка и деца под 7 години.

Пакување: стаклено шише од 20 ml со распрснувач

Чување: да се чува на температура до 25⁰C, подалеку од дофат на деца.