ROYAL JELLY МАТИЧЕН МЛЕЧ СО АЦЕРОЛА КЕСИЧКИ, 1000 mg

Особини и намена: Royal Jelly матичен млеч е највреден пчелин производ. Претставува концентрат од аминокиселини, витамини (Б5, Б6, Ц), минерали, ензими, елементи во траги и есенцијални масни киселини како што е 10 HDA, која се наоѓа само во матичниот млеч. Матичниот млеч поради присувството на имуноглобулини ја зголемува природната отпорност на организмот кон разни инфекции и заболувања. Позитивно делува на зголемување на енергијата, општата состојба на организмот, јакнење на имунитетот, ја подобрува физичката подвижност и позитивно делува кај лица изложени на тежок физички и психички напор (памтење, учење, спорт).

Состав: Royal Jelly содржи матичен млеч, сув екстракт од ацерола (Malpighia glabra L.), малтодекстрин, фруктоза, регулатор на киселост (лимонска и јаболкова киселина), арома на портокал, боја (бета каротен Е 160а) и засладувачи (сукралоза и ацесулфам К).

Пакување: 10 кесички

Дозирање и начин на употреба: Возрасни и деца над  3 години една кесичка на ден, наутро на гладно во период од 3 недели. Содржината на кесичката се истура во 150 ml вода, се меша со пластична или дрвена лажичка и така припремен напитокот се пие веднаш. . Производот е погоден за дијабетичари и може да се користи неколку пати годишно.

Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца.