FERROPIL COMPLEX ТАБЛЕТИ

Особини и намена: Ferropil complex таблетите како извор на липозомално железо претставуваат производ кој е наменет за надополнување на изгубеното ниво на железо во организмот, анемија, како и намален имунитет пропратен со слабост и замор.

Состав: една таблета содржи железо пирофосфат 30 mg, витамин Ц (Л-аскорбинска киселина) 100 mg, витамин Б6 (пиридоскин хидрохлорид) 5 mg, фолна киселина 600 mcg, витамин Б12 (цијанокобаламин) 12 mcg, бакар глуконат 2 mg, цинк сулфат 12 mg

Останати состојки: микрокристална целулоза, сорбитол, средство за обложување, трикалциум фосфат, магнезиум стеарат, полиетиленгликол.

Пакување: 40 таблети.

Дозирање и начин на употреба: возрасни и деца над 14 години 1 таблета на ден. Ferropil complex таблетите најдобро е да се земаат на празен желудник, 1 час пред или 2 часа после јадење. Кај лица кои имаат проблеми со желудник, производот е потребно да се зема заедно со оброк. Ferropil complex таблетите се безбедни за трудници.

Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца.