CANNA THERAPY FORTE ГЕЛ

Особини и намена:  Canna therapy FORTE гелот е козметички производ кој содржи 10% масло  од семе на коноп, наменет за апликација на кожа. Благодарение на својот состав Canna therapy FORTE ја подобрува циркулацијата и ја намалува болката. Поради високата содржина на масло од коноп, производот помага при воспалителни процеси на кожата и состојби како егзема, псоријаза и атопичен дерматит. Поради својот лесно ладен ефект гелот може да се користи за масажа при спортски повреди и болки во грбот. Не ја надразнува кожата и не содржи синтетички мириси.

Состав: масло од семе на коноп, камфор, масло од терпентин, ментол, метил салицилат, прочистена вода, пропиленгликол, глицерол, цетирил алкохол, етанол, глицерил стеарат, вазелин, карнауба восок, феноксиетанол, етилхексилглицерол, макрогол хидроксистеарат, ксантан гума, карбомер, токоферол ацетат, натриум хидроксид, бутилхидрокситолуен.

Дозирање и начин на употреба: гелот се нанесува на болното место 3 до 4 пати во текот на денот. По употребата веднаш да се измијат рацете. Да се избегнува контакт со очи и лице. Производот не е наменет за лица кои се осетливи на било која состојка.

Пакување: 250 ml

Чување: да се чува на температура до 25⁰C, подалеку од дофат на деца.