ОСТЕОВИТ К2Д3 ТАБЛЕТИ

Особини и намена: Остеовит К2Д3 таблетите се идеална комбинација за коски и зглобови. Наменети се за превенција од остеопороза, како помош при терапија на остеопороза и остеопенија и за подобра функција на зглобовите. Таблетите покрај калциум и магнезиум, содржат и цинк, витамин К2 и Д3. Витамините К2 и Д3 ја зголемуваат апсорпцијата на калциумот и овозможуваат негово правилно искористување, подобро вградување во коската и спречување на калцификација во зглобовите.

Состав: една таблета содржи калциум (од калциум карбонат) 400 mg, магнезиум (од магнезиум оксид) 200 mg, цинк (од цинк сулфат монохидрат) 5 mg, витамин Д3 (холекалциферол) 7 mcg, витамин К2 (менакинон) 50 mcg

Останати состојки: микрокристална целулоза, средство за обложување (хидроксипропилметилцелулоза, хидроксипропилцелулоза, талк, титаниум диоскид), полиетиленгликол, хидрогенизирано палмино масло, моноглицериди и диглицериди од масни киселини, трикалциум фосфат, магнезиум стеарат

Дозирање и начин на употреба: една таблета на ден. Да не се зема истовремено со препарати за железо и тетрациклини, туку во растојание од 3 до 4 часа.

Пакување: 30 таблети

Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца