МЕЛЕМ СО НЕВЕН МАСТ

Особини и намена:  Мелем со невен е препарат кој ја штити кожата од различни надворешни влијанија. Се препорачува за интензивна нега на сува и испукана кожа, тврда кожа подложна на лупење и перутање, кај помали опекотини и кај кожа чувствителна на временските влијанија. Исто така, се препорачува кај детски пеленски осип, кај трудници за спречување на појави на стрии, кај доилки за спречување на пукања на брадавици, помага и кај псоријаза, егземи, како и кај надразнета кожа од убоди од инсекти. Невенот помага во епитализација и регенерација на кожното ткиво, а воедно покажува и антиинфламаторна активност.

Состав: екстракт од невен, бета каротен, течен парафин, масло од рицинус, ланолон, бел вазелин, глицерол моностеарат, стеаринска киселина, пчелин восок, парфем

Дозирање и начин на употреба: се нанесува неколку пати во денот, во тенок слој на кожата

Пакување: 15 и 30 ml

Чување: да се чува на температура до 25⁰C