КОНДРОВИТ КОМПЛЕКС ГЕЛ

Особини и намена:  Кондровит комплекс гелот е единствена комбинација од 8 активни состојки кои помагаат при болки во зглобовите и мускулите. Производот претставува комбинација од глукозамин сулфат и хондроитин сулфат со екстракт на ѓаволска канџа, босвелија, метилсулфонилметан (MSM) и етерично масло на еукалиптус и цимет. Присуството на хондроитин и глукозамин во овој гел влијае во закрепнувањето на зглобните структури, како и  за намалување на болката предизвикана со трошење на ’рскавицата. Метилсулфонилметан, камфор, ѓаволска канџа, босвелија и етеричното масло на цимет и еукалиптус применети локално предизвикуваат противвоспалителен и аналгетски ефект, што го прави овој гел погоден за лица со артритис и спортски повреди кои се пропратени со болки во зглобовите и мускулите.

Состав: глукозамин сулфат и хондроитин сулфат, камфор, екстракт од ѓаволска канџа, екстракт од босвелија, метил сулфонил метан (MSM), етерично масло на еукалиптус и етерично масло од цимет.

Останати состојки: вода, полисорбат 80, полиакриламид, етанол, феноксиетанол, етилхексил глицерол, масло од кокос, хидроксиметил целулоза, лимонска киселина

Дозирање и начин на употреба: гелот се нанесува неколку пати во денот, во тенок слој на болното место, со благо втривање и се остава да делува

Пакување: 75 ml

Чување: да се чува на температура до 25⁰C, подалеку од дофат на деца.