УРОГОЛД КАПКИ

Особини и намена: Уроголд капките се додаток на исхрана наменети за нормална функција на бубрезите и мочниот меур. Содржат екстракт на европска златица која придонесува за нормална функција на мочниот меур и долниот дел на уринарните патишта, и екстракт на лист од бреза кој придонесува за одржување на нормална функција на бубрезите. Зајчевиот трн и Пршликата придонесуваат за зголемување на волуменот на урина и намалување на болната диуреза.

Состав: 60 капки (препорачана дневна доза) содржат водено-етанолни екстракти од надземен дел на европска златница 0,828 g, лист на бреза 0,216 g, корен од зајчев трн 0,084 g, надземен дел на пршлика (полско коњско опавче) 0,072 g

Дозирање и начин на употреба: Уроголд капките се употребуваат 2 до 3 пати на ден, така што ќе се испијат 20 капки во малку вода или чај. Протресете пред употреба. Капките користете ги половина час пред оброк. Производот не се препорчува кај лица со срцева слабост и тешко заболување на бубрезите, трудници и доилки, лица кои употребуваат диуретици, алкохоличари, лица со епилепсија и повреди на главата. Производот не смее да се користи подолго од еден месец во контитнуитет.

Пакување: стаклено шише од 50 ml со стаклена капалка

Чување: да се чува на температура до 25⁰C, подалеку од дофат на деца. После секоја употреба добро да се затвори шишето.