НЕВЕН МАСТ

Особини и намена:  Невеновата маст е наменета за епитализација и регенерација на кожата, за нега на испукана кожа, заздравување на помали ранички, заштита на кожата од студ, ветер и други надворешни влијанија. Се употребува и за посекотини и изгореници на кожа и слузокожа, како и за испукани усни. Невенот има и антибактериски и антиинфламаторни својства.

Состав: екстракт од невен кој содржи тритерпени, каротеноиди, најмногу бета каротен, зеаксантин и лутеин.

Дозирање и начин на употреба: се нанесува неколку пати во денот, во тенок слој на кожата

Пакување: 100 ml

Чување: да се чува на температура до 25⁰C