ЗЕЛЕН ЧАЈ

Особини и намена: Зелениот чај, како и другите чаеви од растението Camellia sinensis е богат извор на полифеноли кои се моќни антиоксиданси кои ги уништуваат слободните радикали во телото. Освен антиоксиданси, зелениот чај содржи и витамин Ц, Б витамини, цинк, магнезиум, калиум, манган.
Состав: лист од зелен чај 100 %
Дозирање и начин на употреба: една филтер кесичка се раствара во 200 ml зовриена вода. Чајниот напиток се остава да стои 5-10 минути, потоа се пие свеж и може да се заслади по желба. Се употребува еднаш до два пати во тек на денот.
Пакување: 20 филтер кесички
Чување: да се чува на температура до 25⁰C на суво место