
Особини и намена: Herbifit сирупот од исландски лишај е диететски производ, кој се користи при иртација на слузокожата на грлото при сува кашлица, како и при воспаленија на усната шуплина и ждрелото. Исландскиот лишај содржи горчливи супстанции и значајна количина полисахариди растворливи во вода кои имаат слузни својства. Овие супстанции делуваат заеднички во намалување на рефлексот на кашлање.
Состав: 100 g Herbifit сирупот од исландски лишај содржи 5 % исландски лишај – декокт (Cetraria islandica L., Parmeliaceae – Lichenes)
Останати состојки: сахароза, натриум бензоат (конзерванс) и вкус на портокал
Дозирање и начин на употреба: Возрасни 15 ml три пати на ден, мали деца на училишна возраст 5 ml три пати на ден и доенчиња 2,5 ml три пати на ден.
Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца. Пред употреба да се протресе шишето.