ПОЛАР ГЕЛ

Особини и намена:  Полар гелот се препорачува при болка и вкочанетост во мускулите и зглобовите, намалена циркулација, замор, чувство на тежина, напнатост во мускулите и кај ревматски проблеми. Погоден е како кај постари лица така и кај спортисти и рекреативци. Содржи ментол и камфор кои предизвикуваат силен разладувачки ефект, кој доведува до намалување на болката, опуштање на ткивата и подобрување на циркулацијата. Ментолот има благо анестетично дејство врз нервните завршетоци што доведува до моментално намалување на болката.

Состав: ментол и камфор

Дозирање и начин на употреба: гелот се нанесува неколку пати во денот, во тенок слој на болното место, со благо втривање и се остава да делува. Лесно се размачкува, брзо се упива и не ја масти облеката. По употребата веднаш да се измијат рацете. Да се избегнува контакт со очи и лице. Производот не е наменет за лица кои се осетливи на било која состојка, асматичари и деца под 2 години.

Пакување: 250 ml

Чување: да се чува на температура до 25⁰C, подалеку од дофат на деца.