МАЈЧИНА ДУШИЦА ФИЛТЕР ЧАЈ

Особини и намена:  Чајниот напиток од мајчина душица има пријатен мирис и делува смирувачки. Тимолот и карвакролот кои се наоѓаат во мајчината душица, се фенолни соединенија кои имаат антисептчен ефект и придонесуваат чајот да има карктеристичен мирис. Напитокот од надземниот дел на мајчина душица се употребува како средство кое помага при искашлување и го намалува тонусот на мазната мускулатура.

Состав: цвет од камилица

Дозирање и начин на употреба: една филтер кесичка се раствара во 200 ml зовриена вода. Чајниот напиток се остава да стои 5-10 минути, потоа се пие свеж и може да се заслади по желба. Се употребува еднаш до два пати во тек на денот.

Пакување: 20 филтер кесички

Чување: да се чува на температура до 25⁰C на суво место