КАЛЦИУМ 400 ДИРЕКТ КЕСИЧКИ

Особини и намена: Калциум 400 ДИРЕКТ претставува диететски производ, додаток во исхрана кој содржи калциум, витамин Ц, цинк и витамин Д3. Наменет е за превенција и олеснување при алергии од сонце, храна и полен, превенција од остеопороза и остеопенија, како и за подобрување на стабилноста на коските. Калциумот помага при алергии на тој начин што го намалува активирањето на хистаминот кој е одговорен за кивање, чешање, солзење и слични реакции. Исто така, придонесува за правилен раст и развој на коските, болки во мускулите и зглобовите, состојби како депресија, хипогликемија, артритис итн. Цинкот доведува до намалено лачење на хистамин и на тој начин помага во спречување на алергијата, додека пак витаминот Д3 помага во апсорпција на калциумот во цревата.

Состав: една кесичка содржи калциум карбонат 400 mg, витамин Ц (Л-аскорбинска киселина) 40 mg, цинк глуконат 5 mg и витамин Д3 (холекалциферол) 2,5 mcg.

Останати состојки: декстроза, лимонска киселина, арома на портокал, магнезиум стеарат засладувачи: аспартам и ацесулфам.

Пакување: 20 кесички

Дозирање и начин на употреба: една кесичка се истура директно на јазикот еднаш до два пати дневно. Гранулатот од кесичката многу брзо се топи на јазикот, затоа не е потребно да се додава течност.

Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца.