ГИНКО БИЛОБА ФИЛТЕР ЧАЈ

Особини и намена:  Гинко билоба чајот се користи за подобра циркулација, памтење и концентрација. Растението гинко билоба со своите активни компоненти поволно делува врз ѕидовите на крвните садови, умерено го стимулира протокот на крвта и го зголемува снабдувањето на крв во сите делови и органи на телото, вклучително и мозокот. Со тоа се подобрува концентрација и способност за памтење. Листот и семето на растението Гинко билоба со векови се користат во кинеската медицина, кај лица со астма, болести на бронхиите и белите дробови, како и за подобрување на периферната и мозочната циркулација. Листот е лековитиот дел од билката, кој се користи за подобрување на меморијата и други мозочни активности, зуење во ушите, слаб слух како резултат на старост, вртоглавици, намалување на притисокот.

Состав: 100 g пулверизирана растителна мешавина содржи: лист од гинко билоба 30 %, лист од нане 20 %, лист од рузмарин 10 %, чубрика 30 %, сладок корен 10 %.

Дозирање и начин на употреба: една филтер кесичка се раствара во 200 ml зовриена вода. Чајниот напиток се остава да стои 5-10 минути, потоа се пие свеж и по потреба може да се заслади.

Пакување: 20 филтер кесички

Чување: да се чува на температура до 25⁰C на суво место