ГИНКОМЕД КАПСУЛИ

Особини и намена: Гинкомед капсулите се наменети за подобра циркулација и помнење. Стандардизираниот екстракт од листот на растението гинкго ја подобрува исхраната на мозокот со кислород и лактоза. Екстрактот делува на подобрување на церебралниот и периферниот проток на крв и истовремено со антиоксидативното дејство ги уништува слободните радикали. Се користи како помош при тешкотии во помнењето и концентрацијата, депресии, вртоглавица од васкуларно или непознато потекло, главоболка, несоница, предменструален синдром, пореметувања во очите и шум во ушите.

Состав: една капсула содржи екстракт од листови на гинко (Ginkgo bilobae extractum siccum) 100 mg, минимално 24 % флавоноиди и 6 % гинколиди, дрога/екстракт 50:1, средство за екстракција вода/етанол.

Останати состојки: растворувачи (рафинирано соино, кокосово и палмино масло), стабилизатор (пчелин восок), емулгатор (соја лецитин) и обложувачи (говедски желатин, прочистена вода, глицерол и боја титианиум диоксид Е 171).

Дозирање и начин на употреба: една капсула на ден, за време на оброк, во период од 2 до 3 мрсеци. Производот не е наменет за лица кои се осетливи на било која состојка, лица кои употребуваат аспирин и варфарин, трудници, доилки и лица помлади од 18 години.

Пакување: 30 меки желатински капсули

Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца