ВАЛЕСАН КАПКИ

Особини и намена: Валесан капките се додаток во исхраната, наменети за несоница. Содржат екстракт од валеријана и хмељ кои придонесуваат за мирен сон, мелатонин кој придонесува за полесно заспивање, пасифлора која придонесува за опуштање на организмот и маточина која придонесува за олеснување на несоницата пропратена со тегоби.

Состав: 40 капки (препорачана дневна доза) содржат водено-етанолни екстракти од надземен дел на пасифлора 0,400 g, корен на валеријана 0,240 g, од цвет на хмељ 0,08 g и лист од маточина 0,08 g, мелатонин 0,50 mg.

Дозирање и начин на употреба: кај несоница се препорачува 15 капки пред вечера и 25 капки пред спиење, да се капнат на лажица вода или на коцка шеќер. Да се протресе пред употреба. Максимална препорачана дневна доза е 40 капки. Производот не е наменет за лица кои се осетливи на било која состојка, лица под 12 години, трудници и доилки, алкохоличари, лица со епилепсија и повреди на главата.

Пакување: стаклено шише од 50 ml со стаклена капалка

Чување: да се чува на температура до 25⁰C, подалеку од дофат на деца. После секоја употреба добро да се затвори шишето.