
Особини и намена: Носител на лековитите својства на камилицата е нејзиното етерично масло, чија главна состојка е азулен. Дејството на етерично масло е надополнето со смоли, горки материи, танини, гуми и некои други соединенија кои се наоѓаат во цветот од камилица, заради што цветот има комплексно дејство. Чајот од камилица благотворно делува врз слузницата на желудникот, ги намалува грчевите и помага при надуеност во стомакот, болки во желудникот и цревата. Камилицата го смирува воспалението во усната шуплина и дигестивниот систем, а се препорачува и за плакнење на рани.
Состав: цвет од камилица
Дозирање и начин на употреба: една филтер кесичка се раствара во 200 ml зовриена вода. Чајниот напиток се остава да стои 5-10 минути, потоа се пие свеж и може да се заслади по желба.
Пакување: 20 филтер кесички по 1,5 g
Чување: да се чува на температура до 25⁰C на суво место